СДСМ: Никола Груевски не изгради ниту еден метар нова железничка пруга

Од:

Власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се способни да го сочуваат тоа што беше претходно изградено а камо ли пак да изградат нешто ново.

Целосно изградената делница од Куманово до Клечовце се наоѓа во катастрофална состојба.

Разграбани, уништени и однесени шини, затеги, стабилизатори, бетонски подлоги.

СДСМ благовремено реагираше за оваа состојба во којашто се наоѓа делницата меѓутоа никој не понесе одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски со денешната прес конференција имаа уште еден неуспешен обид повторно да манипулираат со граѓаните на Македонија.

Фактите говорат дека товарниот транспорт од 2006 до 2013 година е намален за 30%.

Во патничкиот транспорт билетите се покачени за 50% а притоа е намален бројот на патници.

Благодарение на Владата на Груевски Македонија ги испушти регионалните инфраструктурни проекти и земјава станува непосакувана зона за регионалната патна и железничка мрежа.

Pruga Kumanovo Beljakovce 11

Pruga Kumanovo Beljakovce 9

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме