Британец наместо на меден месец заврши во затвор

Од:

Еден 22-годишен Британец, кој со својата штотуку венчана сопруга тргна на меден месец на Куба, заврши во затвор на Бермудските Острови, откако предизвика инцидент во текот на авионскиот лет.

Капетанот на авионот, револтиран од однесувањето на патникот и загрижен за безбедноста на сите во леталото, побарал и доби дозвола, вонредно да слета на аеродромот во Хамилтон на Бермудите за да го остави младиот Британец.

Мохамед Келија од Блекпул, заедно со сопругата, беа меѓу 311-те патници на чартер летот од Манчестер за Хавана.

Уште пред да полета авионот, Келија почнал да пие од алкохолот што го купил во фри-шоп зоната на манчестерскиот аеродром, па некаде на половината од седумчасовниот лет, веќе бил пијан.

Неговата сопруга побарала да се премести во друг дел од авионот за да не седи до својот пијан сопруг, но тоа толку го изреволтирало, што почнал прво гласно да се расправа со сопругата, а кога членовите на екипажот не му дозволиле и тој да се пресели на место до неа, почнал да им се заканува и да се распрарава и со нив.

Младиот Келија им се заканувал дека ќе ги истепа, па еден од стјуардите насила го одвел во задниот дел на леталото и го врзал со лисици.

Вознемирените патници побарале да бидат заштитени од патникот-насилник, а капетанот на авионот тогаш побарал согласност, наместо кон Куба, авионот да се упати кон Бермудите за да се ослободат од пијаниот Келија. На аеродромот во Хамилтон, Келија бил пречекан од полицајци кои веднаш го уапсиле.

Авионот со сите други патници, вклучувајќи ја и неговата налутена сопруга, веднаш потоа го продолжил својот лет кон Хавана.

На судењето тој признал дека е виновен за она што се случувало во авионот.

– Не знам дали некогаш ќе може да си простам за ова, а не знам дали сопругата кога било ќе ми прости за инцидентот, признал Келија.

Младиот Британец е осуден да плати 2.000 долара затоа што бил пијан во авионот и уште 1.000 долари за навредите и заканите кон членовите на екипажот. Ако не ја плати казната ќе мора да одлежи четири месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство