Европската ракометна федерација ЕХФ денеска ја потврди суспензијата на играчот на Металург Филип Талески кој нема да има право на настап на следниот дуел од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Бекот на Металург е казнет поради спречување „брз центар“ во последните секунди од натпреварот против Ла Риоха (29:28) кога Металург постигна погодок, а голот на Металург беше празен поради играч со маркер.
Дисциплинската Комисија при ЕХФ врз основа на судискиот записник во кој беше наведен прекршокот на Талевски донесе одлука за казна на членот на Металург од еден натпревар неиграње.
Натпреварот од 7.коло во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Металург е закажан за 30 ноември.