Египетската армија водеше три војни против Израел на висорамнините на Синај. Но нејзината се посурова кампања, со цел да го потчини разделениот североисточен дел на полуостровот, создава опасност да го претвори она кое започна пред три години како не толку големи бранувања, во севкупно џихадистичко бунтовниучко движење.
Активистите кои некогаш го подржуваа незадоволството на бедиумните, затоа што не им се дава можност да добијат државна работа, еволуираа во нескротливи радикали. На 10 ноември, најсилната организација на Синај, Ансар Беит ал Макдис (Поддржувачите на Ерусалем). се заколнаа на верност на џихадистите од Исламската држава. Тие веќе го прифатиле црното знаме на самопрогласениот калифат, заедно со тактиките како што се обезглавување на заробеници и објавување на видеоматеријали на интернет.
Откако минатата година беше сменет од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси, генералот (сега претседател) Абдел Фатах ал Сиси не се воздржа да користи сила. Со согласност на владата во Ерусалем, неговата армија распореди војници и оружје на Синај, чиј источен дел треба да биде демилитаризиран, согласно мировниот договор со Израел од 1979 годииа.
Закоравните борци сега се соочени со владините тенкови и воени хеликоптери, а во средиштето на борбите гинат се повеќе цивили. Бројот на жртвите расте. Во октомври бунтовниците кои во поголемиот дел се составени од локални бедуински племиња, убија повеќе од 30 египетски војници и полицајци. Силите за безбедност велат дека убиле многу бунтовници. Во весниците беше објавено за 14 загинати цивили.
Триста илјади бедуини од регионот сега се жалат заради артилериските напади врз училишта, масовните апсења, неконтролирана стрелба и разурнувањата на куќи, слично на израелската тактика од другата страна на границата во појасот Газа. Полицискиот час ги тера да остануваат заклучени во своите куќи од стемнување до взори. Телефоните работат со прекини, интернетот е уште поредок. Има малку движења со автомобили, но и повеќето бензиски пумпи се без гориво. Патиштата се преполни со контролни пунктови. Мостот над Суецскиот канал повеќето време е затворен за цивили.
Северен Синај беше една од најбогатите провинции во Египет, благодарение на криминална трговија, особено онаа која се одвиваше преку подземните тунели кои претставуваа економски спасителен појас и канал за оружје за Газа.
Побогатите бедуини ги заменија своите коливби со велелепни куќи, слични на пагоди. Но повеќе не е така. Некогаш крстопат помеѓу Азија и Африка, денес североисточниот дел на полуостровот изгледа како да е под опсада. Израел изгради ѕид долг 240 километри како граница пресекувајќи го вносниот шверц со наркотици и африкански емигранти. Египетските сили ги разурбна тунелите за да се обезбедат некој да не им избега, и започнаа да ги пребаруваат куќите блиску до границата.
Повеќе од илјада семејства од египетската страна на Рафах се иселија. Кога племенските лидери ги замолија властите во Каиро да ги ограничат плановите за создавање на бафер зона, првично на 500 метри, но со изгледи таа да се развлече до пет километри, Сиси го одби тоа. Во мигот кога операцијата на египетската армија се засилува, вели еден бедуински универзитетски професор, „тие го претвораат населнието во неријател затоа што го треаат да страда“.
Откако се појави на Синај во јуни 2012 година, Ансар Бит ал Макдис стана уште посилна. Племенските старешини, збунети од тоа што џихадистите ги кршат бедуинските обичаи затоа што се неисламски, избегаа во Каиро за да си ги спасат животите. Некои беа убиени на нивниот пат кон престолнината. Привлечени од племенски и шверцерски мрежи, кои се простираат од Арапскиот полуостров до Либија, други џихадисти гравитираат околу Синај, а некои од нив имаат оружја од либиските складишта. Преостанатите џихадисти во Газа се прашуваат дали и тие да ги поврзат своите судбини со џихадистите.
Ансар Беит ал Макдис неколку пати го напаѓаа гасоводот кој ги сврзува Египет со Израел и Јордан. Вршеа напади врз силите за безбедност во долината на Нил, се обидоа да го убијат министерот за внатрешни работи во Каиро, и ја нападнаа централа на разузнавањето во Исмаилија, крај Суетскиот канал.
Сега останува да почнат да ги напаѓаат и туристичките резорти во јужниот дел на Синај, како што правеа локалните жители кои протестираа. Но тоа можеби е следната фаза.
Економист – Лондон