Фејсбук „обвинет“ за убиството на британскиот војник Ли Ригби во Лондон

Од:

Британската парламентарна Комисија за безбедност и разузнавање, која ги испитуваше работата и дејствувањето на безбедносните служби пред убиството на војникот Ли Ригби, во мај минатата година, го „обвини“ Фејсбук дека можел да го спречи овој терористички напад.

Оваа популарна интернет страница се обвинува дека не им ги „префрлила“ на британските, или на американските безбедносни служби сознанијата за комуникацијата преку Фејсбук, што ја имале двајцата исламски терористи кои брутално го убија Ригби.

Шест месеци пред да биде извршен уличниот напад, во лондонскиот кварт Вулич, Фејсбук имал „сликовита претстава“ за тоа за што зборуваат и се подготвуваат Мајкл Адебовале и Мајкл Адеболаџо, со „некого“ околу убивањето на британски војник.

Според сознанијата на парламентарната истрага, системот на Фејсбук, пет пати автоматски ги затворал профили на Адебовале, затоа што тој преку нив зборувал за тероризам, но оваа американска тек фирма ниту еднаш не им ги префрлила ваквите сознанија на разузнавачките агенции и посебно на британските власти.

Претседателот на парламентарната Комисија, Малколм Рифкин, поранешен британски министер за надворешни работи,во авторски текст во проториевскиот „Дејли Телеграф“ вели дека „веројатно нападот ќе беше спречен“ ако Фејсбук реагираше на прав начин, известувајќи го британското контраразузнавање МИ5.

Рифкин забележува дека Фејсбук не се чувствува „компетентен“ за една ваква работа и тврди дека токму таквото уверување и однесување го прави него и другите страници на интернет да се претврат во „рајски места за меѓународниот тероризам“.

Критиките и обвинувањата за Фејсбук добија широк публицитет во лондонските весници кои ги обвинуваат за „некооперативност“ кога станува збор за вакви „безбедносни прашања“ и Гугл,Твитер, Јаху, Мајкрософт или Апл кои терористите слободно ги користат сигурни дека ништо не може да им се случи.

Оваа парламентарна Комисија, претходно, ги „помилува“ британските разузнавачки агенции и безбедносни служби за убиството на војникот Ригби. Иако откри пропусти во нивното работење. Комисијата, сепак, заклучи дека терористичките напади како оној врз војникот се „непредвидливи“ и тешко може да се спречат.

Пролабурситичкиот „Дејли Мирор“ затоа инсистира дека освен за Фејсбук, кога се зборува за вина треба покритички да се анализира и работата на британските служби, за кои, овој весник вели дека не ја извршиле работата како што требало.
Левичарскиот „Индепендент“ единствен го брани Фејсбук,забележувајќи дека извештајот од парламентарната Комисија е „дел од војната“ што се води против Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски