Еден средношколец е повредено со нож во тепачка на која и претходела расправија денеска околу 10:30 часот во ТЦ Лептокарија во Скопје, најверојатно меѓу ученици од Средното училиште „Здравко Цветковски“.
Од МВР појаснуваат дека на повредениот средношколец му е укажана лекарска помош на самото место од страна на Итната медицинска помош, при што се констатирани телесни повреди.
Приведено е едно малолетно лице во Полициската станица-Карпош осомничено дека користело нож во тепачката. Пронајден е и ножот, а полицијата работи на расчистување на случајот.