Србите добиле автономија од Турција благодарение на хомосексуалци?

Од:

Пред 184 години Србија и нејзиниот тогашен лидер кнез Милош Обреновиќ успеале од турскиот султан Махмуд II да „извојуваат“ автономија, во рамки на Отоманското царство, која е добиена со помош на објава на познатиот хатишериф.

Сепак и овој важен документ за Србите е поврзан со бројни теории на завера, а една од нив е дека автономијата е добиена со помош на хомосексуалност.

Во Белград во 1830 година на Ташмајдан во присуство на кнез Милош и белградскиот паша свечено бил прочитан хатишерифот на турскиот султан за автономија на Србија. Веднаш потоа Турците им ги продале своите имоти на Србите и го напуштиле Белград.

10819038_10205327368209626_1791125679_n

Во одредени историски записи и терии на завера стои дека Србија и кнез Милош документот го добиле благодарение на наклоноста на Турците кон машкиот пол, пишува српски „Телеграф“.

Имено според преданието, кога српскиот владар ги испраќал своите депутати во Турција наводно им рекол дека Турците сакаат мажи и пари, а дека тој нема пари да им даде, а тие да не се враќаат без хатишерифот. Епилогот од посетата на српските пратеници јавно бил прочитан на 25-ти ноември 1830 година на Ташмајдан, кога Србија добила автономност во рамките на Османлиското царство.

Со документот Србија се стекнала со право на слобода на вероисповед, независна внатрешна управа, избор на старешини, враќање на шест нахии кои Караѓорѓе ги ослободил во тек на Првото српско востание, слободна трговија, отворање на училишта, болници и печатници и забрана за населување на Турци во Србија.

Данокот кој Србија два пати годишно го испорачувала бил собиран од Србите, а со посебен документ на Милош му било признаено наследно кнежевско достоинство.

Кнез Милош со стекнување на тоа право станал единствениот христијански владетел во рамките на Османлиското царство, кое било резервирано исклучиво за владетели од Отоманската династија и кое се однесувало на владетели кои се со муслиманска вероисповед.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ