На украинска територија има до 10.000 руски војници, во таа бројка не се вклучени проруските сепаратистички борци, изјави портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Владислан Селезњов.
– Од 15.000 до 25.000 сепаратистички борци и од 5.000 до 10.000 руски војници на териториите кои се под контрола на екстремистиет, посочи Селезњов.
Москва постојано демантира дека има руски војници во Украина.
Во борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина од април загинале над 4.000 луѓе.
Локалните власти во Доњецк соопштија дека во артилериски напад во последните 24 часа загинале најмалку пет цивили, а 16 се повредени.
Украинските власти соопштија дека во борбите во последните 24 часа еден војник загинал, а петмина се повредени.