Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, денеска ќе ја отвори Регионалната конференција за заштита на малцинствата во Југоисточна Европа.
Конференцијата се одржува во рамки на Проектот на Советот на Европа и на Европската Унија, со кој се опфатени 36 општини од регионот, од кои пет се од Република Македонија: Старо Нагоричане, Сарај, Тетово, Центар Жупа и Крушево.
Во проектот се вклучени и општини од Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска.
На конференцијата, претставници на триесет и шесте општини ќе потпишат Договори за грантови од Советот на Европа и од Европската Унија. Со средствата ќе бидат финансирани локални проекти за унапредување на човековите права и правата на малцинствата.
Изборот на проектите е направен од вкупно доставените 152 апликации од општините во регионот.