Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од ЈИЕ (СЕПКЕ) чија цел е соработка во борбата против организираниот криминал ќе биде одржана утре во Белград.
Во Асоцијација се шефови на полиции на држави од југоисточна Европа, кои заеднички работат на согледување стратешки проблеми со кои се соочуваат државите членки во борбата против криминалот.
Земји-членки на Асоцијацијата се Албанија, Бугарија, Федерацијата БиХ, Република Српска, Молдавија, Романија, Хрватска, Црна Гора и Србија.