Британија зголемува расходи за антитерористичка активност

Од:

Велика Британија ќе ги зголеми расходите за силите за безбедност како превентивна мерка против напади од т.н. поединци, изјави премиерот Дејвид Камерон. Тоа го изјави Камерон пред парламентот по објавувањето извештај за жестокот улично убиство на британски војник во Лондон во 2013 година.

– Зголемената опасност со кој се соочуваме, вклучително и од акции на терористи кои на своја рака преземаат акции, означува дека ние треба уште повеќе да ги засилиме нашите можности, изјави Камерон.

За целта, во следните две години ќе бидат обезбедени дополнителни 130 милиони фунти.

Пратеници наведоа дека двајцата екстремисти кои биле инспирирани од Ал Каеда, и кои ѕверски убија британски војник во Лондон, биле под надзор на разузнавачките агенции.

Координаторот на антитерористичката борба во британската полиција Марк Роули изјави дека главната опасност претставува Исламска држава која врбува млади приврзаници за Ирак и Сирија за да се борат на страната на џихадистите. Тоа според парламентарен извештај значи дека се покажува неефикасноста на антитерористичките програми на Владата. Лани британските сили за безбедност спречиле пет обиди за терористички напади и уапсиле 270 луѓе осомничени за терористичка дејност.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство