Знаете ли дека првата насмевка на бебето се случува уште во стомакот на мајката? Да, бебето се смее и пред да се роди. Тогаш се работи за рефлексна насмевка, а не емоционална реакција на околината.
Првата насмевка на бебето многу зборува за развојот. Кога бебето првпат ќе се насмее, значи дека видот е многу подобар од раѓањето и во состојба е да препознае повеќе лица. Мозокот и нервниот систем кај бебето тогаш се доволно зрели, така што повеќе нема рефлексна насмевка, а бебето станува свесно дека неговата насмевка поттикнува поврзување со луѓето. Со насмевкатка од тогаш до крајот на животот ќе изразува задоволство, возбудување и среќата.
Рефлексната насмевка настанува најдоцна кога бебето е на возраст околу два месеци, а првата насмевка можете да ја очекувате меѓу шесттата и 12. недела од животот.
Како да го поттикнете бебето да се смее:
– разговор со бебето;
– воспоставете контакт со очите кога раскажувате;
– почесто смејте му се детето.
Ако бебето не се смее, не значи дека нешто не е во ред или дека е несреќно. Ако бебето не се насмее до третиот месеци, тогаш посетете педијатар.