(ВИДЕО) СДСМ: Нормалното функционирање на библиотеката во Струмица е доведено во прашање

Од:

Нормалното функционирање на библиотеката во Струмица, Благој Јанков Мучето, е доведено во прашање затоа што актуелната власт на Никола Груевски не дава согласност за потребните вработувања.

Неодговорното однесување на централната власт е на штета на граѓаните на Струмица и студентите на дисперзираните студии кои масовно ја посетуваат оваа библиотека.

Библиотеката во Струмица има потреба од итно вработување, по основ на седум испразнети работни места на неопределено време.

Но, власта на Никола Груевски ја игнорира потребата на граѓаните на Струмица.
Еве неколку факти кои потврдуваат дека Струмица и во овој дел е намерно заборавена од власта.

Во библиотеката во минатото биле вработени 23 библиотекари.

Моментално се вработени само 8 лица од кои 6 во Струмица и по еден вработен во подрачните библиотеки во Муртино и Василево.

За споредба, библиотеката во Битола има 40 вработени, во Штип 25, во Тетово 16 вработени иако е далеку помала.

Библиотеката во Струмица е основана 1946 година, има преку 2.700 редовни членови и над 10.000 примероци книжен фонд.

Но, за власта на Груевски тоа нема никакво значење.

Доколку власта на Груевски не даде согласност за неопходните вработувања, библиотеката Благој Јанков Мучето нема да може да функционира од 7 до 19 часот а книгите за дисперзираните факултети во Струмица нема да бидат достапни за студентите.

Бараме надлежните институции конечно да ги одобрат потребните вработувања и од 2015 година библиотеката да функционира и да работи како што доликува, во интерес на граѓаните и студентите, вели Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме