Македонија во септември годинава вкупно потрошила 579.405 мегаватчасови електрична енергија, 3.307 милиони нормални метри кубни природен гас, 482.522 тони јаглен и 75.363 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 66,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,4 проценти од потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.