Радикалниот свештеник Абу Хамза ќе биде екстрадиран во САД

Од:

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е одбиена молбата на радикалниот муслимански свештеник Абу Хамза ал-Масри за спречување негова екстрадиција во САД, и дека тој во најкус можен рок ќе биде екстрадиран.

Ал Масри, кој се смета за еден од најозлогласените екстремисти во Велика Британија упати жалба до Европскиот суд за човекови права во која побара да се спречи неговата екстрадиција во САД.

Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство денеска објави дека судот во Стразбур ја одбил неговата жалба, како и дека ќе работи на тоа во најкус можен рок да го екстрадира во САД.

САД го бараат Ал Масри за серија обвиненија за терористички активности, меѓу кои и обидот за формирање на камп за обука на Ал Каеда во државата Орегон.

Тој е познат по испади против Западот и Евреите, и во моментов е на издржување на седум годишен затвор за поттикнување на омраза.

Исто така е доведен во врска со киднапирањето на 16 заложници во Јемен 1998. и за проповедање џихад во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство