Следуваат активности кои претставуваат забава за целото семејство:
Пронаоѓање работи
Одберете една работа, на пример црвена топка, која еден од членовите на семејството ќе ја сокрие. Кој прв ќе ја најде следниот има право да ја сокрие топката.
Подготовка на палачинки
Најдобро е да се одлучите за палачинки или за некој едноставен рецепт. Ставете ги состојките во голем сад и дозволете им на децата да ја мешаат смесата додека не биде целосно подготвена, без грутчиња и со еднаква густина. Вие испечете ги палачинките и заедно уживајте во плодовите на детскиот труд.
Танцување
Пуштете ја омилената музика на детето и играјте како да не постои утре.
Детето да измисли своја песна
Неколку празни листови и фантазија и многу брзо ќе настане првата книга на детето. Кога приказната е напишана дозволете му на детето да ја илустрира книгата.
Заедничко создавање на уметнички дела
Поттикнете го детето ликовно да се изразува. Освен класичните фломастери, темперните и водените боички, послужете се и со лепак, сирово тесто или копчиња за поголем ефект.
Направете претстава од омилените сликовница на детето
Малку фантазија и труд и сите ќе бидете насмеани. Импровизирајте маски од стари работи од плакарот кои не ги носите и претставата нека започне.
Правење сложувалки
Поинтересно од составување сложувалки секако е нивното правење. Детето нека нацрта нешто по своја желба и потоа помогнете му тоа да исече во форма на сложувалка. Ако детето е мало, можете да исечете цртеж на тенки ленти, па и сложувањето ќе биде поедноставно.
Направете убава семејна фотографија
Пронајдете слика стара неколку години, на која се наоѓате сите и направте идентична. Обидете се исто да се облечете, па ќе биде многу интересно кога ќе се направи споредба, што се се променило за неколку години.
Дозволете му на детето да фотографира
Иако сликите ќе бидат матни и непрепознатливи, детето најверојатно ќе биде среќно, а вие ќе се насмеете.