(ВИДЕО) Анкета на РСС: Државичкава не ни е за во Европа

Од:

„Подобро да имаше 3 споменици помалку, а да се вработеа 5 илјади млади луѓе“, „Државичкава не ни е за во Европа“, „Ни треба поквалитетно образование“, „Реформи во образованието во соработка со младите“, „Повеќе работа за младите“, ова се дел од одговорите што денеска скопјaни ги даваат на анкетата на Регионален совет за соработка во рамките на проектот Мапа за подобро утре.

Економските проблеми, големата невработеност како главна причина за бегање на младите од државата се најголемите проблеми што ги мачат граѓаните на Македонија, тие сакаат и поголема регионална соработказашто сметаат дека така можат да се поправи состојбата. Помладите граѓани велат дека ако имаат шанса би ја напуштиле земјата, а како главна причина го навеле лошото образование и неможноста за вработување со добра плата.

Побрзо и поефикасно разрешување на судските спорови, квалитетно образование, еднаквост пред законите за сите, работа за уште милион луѓе, подобри и посигурни патишта се целите на проектот Мапа за подобро утре на Советот за регионална соработка кој се залага за заеднички пат на југоисточна Европа кон европската унија.

Дел од проектот се и граѓаните на Скопје. Екипата на РСС денеска разговараше со граѓаните и ги прашуваше за секојдневните проблеми.

– Целта ни е да го подигнеме нивото на живот, да се зголеми производството, да се намали невработеноста во регионот, со тоа да станеме поатрактивни за Европа, значи и тие да не сакаат нас, а не само ние нив. Зашто, вакви што сме, со бројот на невработени, со стопанството – кој би не сакал во свое друштво. Овде во Скопје сме со цел да разговараме со граѓаните, да прашаме како им е, како живеа кои се нивните проблеми. Изработуваме кратки филмови кои ќе бидат прикажани на Министерствата и на Владите. Како што знаете Министерствата и владите понекогаш се малку оддалечени од граѓаните и ова е еден од начините директно да го пренесеме мислењето на граѓаните. овој филм ќе биде прикаѓан и во Брисел, во ЕУ, значи сака,е да се слушне што е тоа што луѓето го сакаат и го мислат, вели Ненад Шебек, портпарол на проектот.

Шебек додава дека во Скопје постоела доза на недоверба кај граѓаните кога ги прашуваа како се живее во Македонија, но дека тие успеваат да ја надминат.

А.Б.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето