Левиот бек на Вардар, Блаженко Лацковиќ успешно е опериран во Хрватска, каде беше извршен хируршки зафат врз неговата Ахиловата тетива на десната нога.
Првичните наоди се дека операцијата минала во најдобар ред, и за неколку дена Лацковиќ ќе се врати во Скопје, каде ќе биде до почетокот на рехабилитацијата.
Засега нема информација колку време Лацковиќ ќе биде надвор од теренот, но сигурно е дека процесот на рехабилитација ќе трае неколку месеци, соопштија од таборот на „црвено-црните“.
Хрватскиот репрезентативец се повреди во саботата во почетните минути на средбата со Веспрем во Унгарија.