Бројот на жртви од епидемијата на чума во Мадакаскар се зголеми на 47 лица, изјави денеска генералниот секретар на Министерството за здравство на островската држава Филемон Тафанги.
Случаите на зараза се 138. Во престолнината Антананариво се регистрирани два случаи на заболување со еден фатален исход.
Првите случаи на чума се појавија во август.
– За да го спречат ширењето на болеста властите почнаа кампања за дезинфекција на домови и јавни згради, рече Тафанги.
Чумата е бактериска инфекција, која се шири преку болви од стаорци. Кај луѓето обично ги зафаќа лимфните јазли и може да с елекува со антибиотици. Ако бактеријата достигне до белите дробови, пациентот развива пневмонија, која се пренесува од човек на човек преку кашлање.
Чумата е една од најсериозните смртоносни инфекции и може да убие човек за 24 часа.