Откако викендов беа комплетирани натпреварите од првата фаза во женската ракометна Лига на шампиони, познати се новоформираните групи и календарот на одигрување на натпревари.
Така, македонските шампионки ракометарките на ЖРК Вардар осминафиналната рунда ќе ја започнат со гостување во Германија на мегдан против екипата на Лајпциг дуел кој ќе се игра на 30 јануари или 1 февруари следната 2015 година.
Во второто коло ќе следува дуелот на домашен терен (СЦ „Јане Сандански) против Крим Меркатор од Автсрија, а во третата рунда гостување во Волгоград на мегдан кај Динамо.
Црвено-црните во втората фаза ќе стартуваат со 3 бодови, кои ги пренесоа од првата рунда. Првите четири екипи од групата ќе продолжат во четвртфиналето, преку кое ќе се брка пласман за фајнл-фор турнирот во Будимпешта.
Комплетен распоред на натпреварите на ЖРК Вардар во втората фаза од Лигата на шампионки.
1. коло (30.01/01.02.2015) Лајпциг – Вардар
2. коло (06/08.02.2015) Вардар – Крим Меркатор
3. коло (13/15.02.2015) Динамо Волгоград – Вардар
4. коло (27.02/01.03.2015) Вардар – Лајпциг
5. коло (06/08.03.2015) Крим Меркатор – Вардар
6. коло (13/15.03.2015) Вардар – Динамо Волгоград
Табела: Будуќност 7 бодови, Динамо 6, Лајпци 4, ЖРК Вардар 3, Крим 2 и Турингер 2.