Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богичевиќ

Од:

Српската полиција денеска го уапси сопственикот на компанијата „Фармаком“, Мирослав Богичевиќ, поради малверзации при подигнување кредити од банките, јави Танјуг.

Богичевиќ се доведува во врска со бизнисменот Горан Перчевиќ, кој беше упасен пред десетина дена, под исто обвинение.

Перчевиќ, кој е поранешен функционер на владејачката Социјалистичка партија на Србија и „Бизнисмен на годината“ во Србија во 2012-та, се товари дека заедно со Богичевиќ и со некои политичари земале кредити од „Српската банка“ во износ од неколку милиони евра, а како гаранција оставиле јаловина.

Богичевиќ е уапсен врз основа на истргата за кредитите што ги подигнал од „Привредна банка“, средства, кои според „Вечерње новости“, завршиле на Кипар.

Постојат сомнежи дека Богичевиќ на банките им должи над 450 милиони евра, на деловни партнери речиси 41,5 милиони евра, а на српската Даночна управа – 13 милиони евра.

Богичевиќ беше споменуван и како еден од најголемите должници на „Универзал банката“, која пропадна на почетокот на годината, а пред неколку месец беше обвинуван и за истекување на токсична јаловина од затворениот рудник „Столице“, кој е во сопственост на неговата компанија.

Овој бизнесмен на пошироката јабност и е познат како сопственик на „Фабриката за акумулатори Сомбор“ и на „Млекарата Шабац“, а во минатото се споменуваше и како потенцијален купувач на издавакото претпријатие „Политика“, како и на фудбалскиот клуб „Партизан“.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ