Фајман и Ренци: Без намалување на инвестициските програми во ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Вернер Фајман и италијанскиот премиер Матео Ренци се изјаснија денеска против политиката на штедење во Европската унија.

На прес конференција тие нагласија дека инвестициската програма во висина од 300 милијарди евра, предложена од претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, не смее да биде намалена.

Фајман, по состанокот на маргините на Самитот на ЦЕИ, нагласи дека е потребна инвестициска програма за да може граѓаните да видат дека нешто се работи со цел економски раст.

Тој се изјасни за дуализам „стабилност и вработување“ што го поддржа и Ренци. Фајман повика и на поголема солидарност во ЕУ кога се работи за бегалците особено за оние од северна Африка.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски