Изложба на ракотворби од корисници на центарот „Порака“

Од:

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ организира изложба на ракотоворби кои неговите корисници ги изработиле со поддршка на студенти и професори од Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ).

Изложбата, која е по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември, беше отворена денеска на ФЛУ, и може да се посети до 5 декември. Продажна е и од собраните приходи центарот ќе обезбеди материјали за цртежи и ракотоворби со кои повторно ќе организира изложба во соработка со факултетот. Целта на изложбата е да се претстават потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост и да се намалат предрасудите кон нив.

– Денеска ги гледаме резултатите од неколкугодишната соработка со професорите и студентите на овој факултет. Изложбата покажува прекрасни дела со што директно влијаеме на разбивање на предрасудите што ги следат лицата со интелектуална попреченост. Во наредниот период ќе организираме многубројни активности низ целата држава со што сакаме да придонесеме во прифаќањето на овие лица и нивните семејства од страна на јавноста и заедницата, рече Василка Димовска од „Порака“.

Лицата со попреченост се уште се соочуваат со бариери во секојдневието. – Се забележува намалување на предрасудите, но, сепак, тие се на високо ниво. Овие лица и нивните семејства во секојдневниот живот во нашето општество, за жал, се соочуваат со дискриминација, лоши погледи, невкусни коментари. Токму ваквите активности се чекор напред во ослободување од овие предрасуди и стигма, додаде Димовска.

Професорот Ладислав Цветковски од Катедрата за графика на ФЛУ  истакна дека соработката со лицата со попреченост им помогнала да научат  да бидат подобри луѓе,  како треба да се однесуваат и да ги спознаат различностите во општеството.

– Оваа соработка трае повеќе години и е на иницијатива на професорот Ибрахим Беди. Задоволството не е од практичен аспект, туку од тоа што нашите студенти имаа можност преку работата со корисниците на центарот „Порака“ да ги срушат своите предрасуди и полесно да ги прифатат луѓето различни од себе, рече Цветковски.

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ им помага на корисниците (лица над 18 години) да стекнат вештини за самостојност и за нивна вклученост во општеството. Тој е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Македонија. Центарот е формиран во 1963 година како Сојуз на друштва за помош на ментално ретардирани лица на Македонија, а од 2003 година го носи денешното име.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска