Пронајдено беживотното тело на 73-годишен тетовец

Од:

Безживотното тело на 73-годишниот Б.Ц. од Јегуновце денеска околу осум часот е пронајдено на ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува селата Јегуновце и Пршовце во близина на тамошната чешма.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека телото е пронајдено од страна на неговиот 36-годишен роднина, кој му бил сосед во селото. Тој вчеравечер во 20 часот и 30 минути пријавил дека во неделата околу 9 часот Б.Ц.од куќата во која живеел сам се оддалечил и не се вртил назад и оти наводно заминал кон Тетово.

– Местото е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а подоцна е извршен увид со учество на јавен обвинител и лекар по судска медицина. Безживотното тело на Б.Ц, според утврденото во увидот во значителна мерка било изгорено, додека на два-три метри оддалеченост од него се наоѓала пластична канта со непозната запалива течност и запалка кои се фотодокументирани, подигнати и ќе се вештачат, изјави Јосифовски.

По наредба на јавен обвинител, ќе се изврши обдукција на телото на починатиот. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски