Реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

Од:

Во тек е реализацијата на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ кој е дел од програмата за работа на Владата и чијашто единствена цел и фокус се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо – културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и дружење со родителите и наставниците, соопшти Министерството за образование и наука.

Проектот овозможува зајакнување на врската родител – ученик – наставник, што, пак, значи јакнење на воспитната компонента преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање спортски, културни, забавни и едукативни активности, се вели во соопштението.

Активностите кои ги предлагаат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и кои не се задолжителни, како што се наведува, се организираат во вид на отворени денови во работната недела или викенди исполнети со соодветни активности, како на пример организирање спортски натпревари меѓу екипи составени од ученици, родители и наставници, како и мешани екипи, организирање музички настани, еколошки денови, заеднички излет на родителите, наставниците и учениците во некое околно место на училиштето, организирање базари по повод одредени празници, заеднички посети на национални музеи, галерии и слично.

Одлука за тоа кога ќе се реализира одредена активност носат училиштата, во договор со родителите кои прифатиле да дадат поддршка и да се приклучат на овие факултативни активности. За Владата и Министерството за образование и наука, најдобрите интереси на децата се врвен приоритет и токму затоа овој проект, кој како пракса постои, се применува и дава позитивни резултати во многу од земјите со високо развиени образовни системи, се имплементира и во нашата земја. Интересот е голем и се потврдува со големата вклученост на учениците, родителите и наставниците во бројните, веќе реализирани активности, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови