По излезот на море, Јагодина сега дава и по 1.200 евра за секое бебе

Од:

 Во Јагодина денеска се врачени по 1.200 евра за 82 бебиња кои се родени на територијата на градот во август и септември.

Претседателот на Советот на Јагодина Драган Марковиќ-Палма им се заблагодари на младите мајки и татковци што го зголемиле бројот на жители на овој град.

„Сигурен сум дека Јагодина е единствена во Европа со цифрата од 1.200 евра за секое новородено дете, а во наредниот период ќе се вработуваат сите оние кои немаат работа, а во нивните семејства се раѓаат деца“, рече Палма.

„ За сите оние кои се прашуваат од каде пари, морам да кажам дека буџетот на Јагодина за 2004. година кога дојдовме на власт беше 5 милиони евра, а минатата година веќе го зголемивме на 25. милиони евра. Буџетот го полнат жителите на Јагодина, а потоа и за нив се троши.“, рече тој.

 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он