Едното од избодените момчиња во Ново Лисиче оперирано и сместено на КАРИЛ

Од:

На едно од двете момчиња, кои што ноќеска, триесетина минути по полноќ, беа избодени со нож во скопската населба Ново Лисиче, му бил извршен хируршки зафат, по што е сместено на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување(КАРИЛ) и е приклучено на респираторна машина, велат за „Мета“ од Ургетниот центар.

Од таму додаваат дека момчето имало посериозни повреди на крвните садови, кои биле санирани, но поради нивната природа неговата состојба се`уште се води како критична и е под постојан лекарски наздор.

– Во ургентиот центар се примени две момчиња, од кои едното со посериозни повреди на крвните садови на надколеницата. Извршен е хируршки зафат и момчето е на интензивна нега КАРИЛ и е приклучено на респираторна машина на КАРИЛ. Другото е примено на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и кај него се констатирани полесни повреди- велат од Ургентниот центар.

Двете момчиња, како што неофицијално дознава „Мета“, не биле нападнати од поголема група, како што стоеше во првичната информација на полицијата, туку од едно лице.

Неофицијално, во разговор со полицијата, едно од повредените момчиња кое е во контактибилна состојба рекло дека ноќеска додека џогирале на кејот на Вардар во Ново Лисиче, забежале непознато лице, спружено на клупа, кое не се чуствувало добро и повраќало. Тие дошле до него со намера да му помогнат, но во тој момент тоа извадило нож и почнало да ги боде.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски