По 15 успешни кражби во Охрид, полицијата ги уапси

Од:

Охридската полиција уапси двајца охриѓани сторители на повеќе од 15 кражби кои ги извршиле  на подрачјето на Охрид и во дел од туристичките населби  во текот на август и септември оваа година.Станува збор за Б.Т. (24) и С.Н.(22) против кои се поднесени и кривични пријави. Кражбите ги вршеле со употреба на арматурни клешти и друг подесен алат со што се стекнале се со против-правна имотна корист од 270.000 денари.

„Пријавените, со употреба на арматурните клешти и со физичка сила, успевале да ги разбијат сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа, со кршење на стаклото и со употреба на физичка сила, насилно влегувале во куќите, становите и деловните објекти, одземајќи пари, колонијални производи, цигари и алкохолни пијалоци, облека и обувки, повеќе телевизори, огнено и сигнално оружје пиштол, моторна пила, златен и сребрен накит. На сличен начин, пријавените влегувале и во патнички моторни возила од каде одземале радио касетофони и ЦД плеери„ велат од МВР

Кај прво пријавениот Б.Т. пронајдени биле  помала количина опојн дрога хероин, арматурните клешти и другиот алат погоден за извршување кражби како и еден дел од бесправно одземените предмети. Дополнително, во патничкото моторно возило „Опел Тигра“ кое го управувал Б.Т. пронајдени  биле  хебли и друг  алат соодветен за кршење катинари и влезни врати, облека и други предмети.Инаку, пријавениот бил  познати извршител на казнени дела и наркозависник против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он