Околу 300 лица денеска во Истанбул протестираа против посетата на американскиот вицепретседател Џо Бајден, скандирајќи „Бајден, оди си. Оваа земја е наша“, пренесоа американските медиуми.
Демонстрациите се оддржаа во европскиот дел на Истанбул, кога Бајден одеше на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на азискиот брег од градот.
Бајден не го видел протестот, организиран од екстремно националистичкиот Сојуз на турска младина. Членови на оваа екстремистичка група пред околу една недела на фрекфентан улица во Истанбул нападнаа тројца американски морнари, притоа скандирајќи „Јенки, одете си“, потсетуваат американските медиуми.
Напаѓачите кон морнарите фрлиле црвена боја и за кратко им ги турнале капите од главите.