Се шири епидемијата од чума на Мадагаскар

Од:

Од епидемијата на чума на Мадагаскар починаа 40 луѓе. Од крајот на август до денеска на Мадагаскар регистрирани се 119 заболени од чума, соопшти Светската здравствена организација.

СЗО предупредува дека има опасност епидемијата брзо да се прошири во главниот град на Мадагаскар, Антананариву поради густата населеност и слабиот здравствен систем. Во Антананариву регистрирани се двајца пациенти, од кој едниот починал.

Чумата е бактериолошка инфекција, која се пренесува преку болви. Лицата каснати од болви се заразуваат од чума, која ги напаѓа лимфните јазли, а се лекува со антибиотици. Ако бактеријата доспее до белите дробови, кај пациентот се развива белодробна чума која се пренесува од човек на човек преку воздух. Чумата е една од најсмртоносните инфективни болести и може да убие човек за 24 часа.

– Два проценти од регистрираните пациенти на Мадагаскар имале белодробна чума, истакнува СЗО.

Во соопштението се истакнува дека ситуацијата на Мадагаскар е усложнета поради високата резистентност на делтаметрин, инсектицид кој се користи против болви.

Би можело да ве интересира

Маж во САД почина од чума

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар