На саемот на автомобили во Лос Анџелес шведската компанија „Волво“ ги соопшти деталите за својот план за зголемување на продажбата во САД, што вклучува и комплетно освежување на комплетната понуда на модели во следните пет години.
На саемот беше претставена втората генерација на кросоверот „HC90“, како и целосно новиот модел, „V60 Cross Country“.
Освен замената на старите модели со нови, „Волво“ се повеќе ќе се фокусира на развојот на продажната мрежа, формирање нов менаџерски тим и поголеми трошоци за маркетинг.
Компанијата е убедена дека може да направи пресврт во десетгодишниот тренд на пад на продажбата на пазарот во САД.
Среднорочниот план на компнаијата е таргетиран на годишна продажба од околу 100.000 возила, додека за споредба, 2014 треба да се заврши со 60.000 испорачани автомобили на оваа компанија во САД.
Растот на продажните резултати во САД треба да биде следен од силен раст на продажба на пазарите во Западна Европа и Кина.
-Волво сака да остане во САД. И не само да остане, туку и да профитира. Имаме план и ќе го примениме, изјави Хокан Самуелсон, претседател на компанијата „Волво Карс“.
– И претходно продававме повеќе од 100.000 возила на овие пазари. Нашата прва цел е да се вратиме на тоа ниво, а со време и да го наминеме, додаде тој.