СДСМ: Никој нема право да шири верска и национална омраза

Од:

Никој нема право да шири верска и национална омраза помеѓу граѓаните и да ги навредува нивните чувства. Никој нема право да ги етикетира припадниците на било која вера заради нивната вероисповест, се вели во писмената реакција на СДСМ на ставовите на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Особено верските поглавари кои имаат уште поголема одговорност и треба да поттикнуваат толеранција и разбирање помеѓу сите граѓани, без разлика на вера и нација.

Правото на верска и национална определба е неприкосновено право на секој поединец.

Македонците муслимани, како и останатите Македонци од католичка, православна или друга вероисповест, точно знаат како се чувствуваат и на кој народ му припаѓаат. Тоа е нивно лично, исконско право кое никој не може да им го оспорува, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Стојанче Ангелов и реисот Фетаи заеднички го осудија скандирањето „УЧК“ на собири и протести

Жарко Настоски

Поглаварот на ИВЗ Фетаху го посети Дебар

Жарко Настоски

Имероски, Исмајлоска и Билали: Реисот Реџепи да им се извини на Македонците муслимани

Емир Латифовиќ