За да платат данок, професорите не се јавни функционери, а за лустрација – се!

Од:

Според еден закон, професорите и лекарите се носители на јавни функции, додека според друг – не се.

Ако се суди според досегашните изјави на Томе Аџиев, претседателот на Комисија за верификација на фактите, професорите треба да бидат подложни на лустрација и на последиците од неа, додека, пак, според ПИОМ, тие најверојатно нема да бидат во оние граѓани што се ослободени од плаќање дополнителни давачки за социјално осигурување.

Според правилникот на ПИОМ, должност за плаќање дополнителни придонеси немаат оние граѓани што најмногу заработуваат. Меѓу нив се професионалните спортисти, функционерите, пратениците, советниците и други носители на јавни функции (избрани или именувани).

Дали ПИОМ под носители на јавни функции (избрани или именувани) ги вбројува и универзитетските професори и лекарите? Ако државата одлучи да не ги ослободи професорите од дополнителни давачки, тогаш ќе мора да ги извади од листата на лица што се подлежни на лустрација бидејќи, според претседателот на Комисијата за верификација на фактите, професорите се носители на јавни функции.

Според професорот по управно право, Темелко Ристовски, професорите не се носители на јавни функции и нема зашто да бидат изземени од плаќање осигурување за хонорарите, но тој вели дека законските решенија мора да бидат усогласени.

– Законодавството мора да биде усогласено, што значи дека не може еден закон да ги третира професорите како носители на јавни функции, а друг не. Ако професорите не се изземени од плаќањето дополнителни надоместоци, тогаш тоа е доказ дека професорите не се носители на јавна функција и не треба да се лустрираат, вели Ристовски за Мета.мк

Извор: МЕТА.мк

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот