Седум сообраќајки изминатото деноноќие, шестмина повредени

Од:

Увид на вкупно седум сообраќајни незгоди извшила сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје. Од нив, кај четири е утврдена материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички возила, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 37 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево