Официјално претставен Голф Р караван

Од:

Германската компанија Фолксваген на Саемот во Лос Анџелес го претстави новиот Голф Р караван со 300 коњски сили.

Ова е првпат познатиот Голф да биде понуден во спортска караван изведба. Голф Р караван според Фолксваген претставува спој на практичност и перформанси.

На предниот дел впечатлив е новиот Р браник со големи отвори за воздух, препознатлива маска на ладилникот с Р лого и Би-ксенон светла со интегрирани дневни светла. На задниот дел се забелжуваат нов браник со Р дизајн, црни дифузери, четири издуви и ЛЕД светла.

Голф Р караван доаѓа 2,0 литарски ТСИ бензински мотор со 300 коњски сили, што силата ја пренесува преку шестстепен менувач со двојна спојка на 4моушн систем на погон на сите тркала.

Моделот забрзува од 0 до 100 километри на час за само 5,1 секунда, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Продажбата во Европа ќе почне кон средината на 2015 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ