ЕК: Посетата на Србија не значи заборавање на другите земји-кандидати

Од:

Денешната посета на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на Србија, како прва на неговата агенда во однос на проширувањето откако го наследи Штефан Филе, не значи дека само тие што преговараат со Европската унија се негов приоритет.

Ова денеска во изјава за МИА го потврди портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, негирајќи дека промената на неговото портфолио од „проширување” во „преговори за проширување”, би значело дека помалку ќе се занимава со земјите-кандидати што не се во преговарачки, како Република Македонија.

– Апсолутно не. Видовте дека комесарот Хан беше многу великодушен со неговото време во првите денови и недели од мандатот, кога почна да се среќава со сите. Па, знаете дека еден од првите министри кои ги сретна во Брисел беше токму министерот за надворешни работи на Македонија – потенцира гласноговорничката на Еврокомисијата.

Како што е познато, Хан се сретна со Никола Попоски минатата недела, што беше прва негова средба со претставник на земја од процесот на пристапување кон Унијата, а откако го наследи Филе на 1-ви овој месец. Сепак, денешната официјална посета на Србија, како и утрешната на Црна Гора, предизвика реакција во ЕУ дека првиот човек за соседство и преговори за проширување испраќа јасен сигнал дека негов приоритет во однос на проширувањето се само оние змеји што се во процес на преговори.

– Името на моето портфолио не значи ништо. Мој приоритет се сите земји од проширувањето, а преговори за проширување значи и оние земји што не почнале да преговараат, треба да започнат и да се одвиваат преговорите за време на мојот мандат – истакна комесарот Хан по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата минатата недела.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска