Металург подготвен за првата победа

Од:

Македонскиот ракометен првак Металург во реванш дуелот со Ла Риоха ќе се обиде да дојде до првата победа сезонава во Лигата на шампионите.

По турбулентниот период во кој клубот од Автокоманда остана без најголемиот број странски играчи, од таборот на Металург уверуваат дека состојбата е стабилизирана и веруваат во прва радост во 6.коло од елитното натпреварување.

– Ла Риоха има силен состав со по двајца квалитетни ракометари на секоја позиција. Имаат одлични бекови, кои сигурно ќе ни создадат проблеми. Ние ќе се бориме до крај и ќе се обидеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Продолжуваме гордо да играме, на тоа не обврзува се што изминатите сезони сме го прикажале на евро-сцената. И должиме на публиката добар резултат и треба да ја оправдаме довербата што ни ја даваат нашите навивачи, истакна тренерот Лино Червар.

Иако мали, сепак шанси за пласман во следната фаза гледа капитенот Ванчо Димовски.

– Ќе играме со квалитетен противник кој се бори за ТОП 16. Ние во Шпанија бевме преполовени и не успеавме да дојдеме до победата, ама верувам во успех в сабота и се надевам на освојување на првите бодови. Со евентуална победа против шпанскиот состав и со уште две на следните натпревари со условно послабите противници ќе стигнеме до шест бодови, а потоа ќе видиме до каде сме, рече Димовски.

Натпреварот Металург – Ла Риоха ќе се игра в сабота во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска