Ученици физички се пресметувале во Скопје и во Тетово

Од:

Малолетници вчера физички се пресметале во тетовско Теарце и во Скопје.

Како што информира МВР, 11-годишен ученик во дворот на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце вчера утрото во 9 часот без повод и причина физички бил нападнат од група ученици кои почнале да го удираат со тупаници и клоци по целото тело.

По преземени мерки полицијата идентификувала шест лица на возраст од 12 години на чии родители им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок.

Во Скопје, пак, тепачката се случила попладнето во 16 часот во дворот на ДСУ „Михајло Пупин“, во која двајца ученици М.М. (17) и К.А. (16) физички го нападнале соученикот Ф.А. (15).

По преземени мерки случајот е расчистен, а на  напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата