Шест странски државјанки со туристички престој во Чегране работеле како пејачки и танчерки

Од:

Во синоќешната акција на гостиварската полиција за откривање на лица со нерегулиран престој и работење во земјава, во селото Чегране биле откриени една бугарска државјанка и пет албански, кои работеле како пејачки и танчерки. Во текот на денот се очекува тие да бидат изведени пред судија за прекршоци во Основен суд Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Странските државјанки на возраст од 19 до 34 години биле затекнати во угостителскиот објект „Нота” сопственост на А.Ш.(46). По приведувањето е утврдено дека тие го злоупотребиле туристички престој, а нелегално работеле како пејачки и танчерки. Подоцна, тие се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
Заради основан сомнеж дека го прекршиле законот за странци, тие ќе се соочат парични глоби и со забрани за влез и престој во Македонија.

Годинава, на поширокото гостиварско подрачје биле откриени 32 странски државјанки, најмногу од Албанија, Србија и Бугарија кои работеле и престојувале незаконски. Како економски емигранти регистрирани се и 105 лица главно од Република Албанија кои во гостиварско биле ангажирани како наемни работници во земјоделието и градежништвото.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски