Дванаесет лица повредени во сообраќајни незгоди во Скопје

Од:

Еден пешак е потешко повреден, а четворица возачи и седум сопатници се здобиле со полесни повреди во сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои шест со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда.

Според сообраќајната полиција, случени се уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се и тројца возачи кои не пуштиле пешаци на пешачки премин, 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 28 возачи кои не користеле безбедносниот појас или пак користеле мобилен телефон и шест пешаци кои поминале надвор од пешачки премин.

Отстранети се и 58 возила со помош на специјалното возило „пајак“.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле прекршок како пешак, а во основното училиште „Страшо Пинџур“ ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево