Судот во Стразбур ќе решава по жалбата на Велија Рамковски

Од:

Aпликацијата на Велија Рамковски и на неговата ќерка Емел Рамковски, кои се жалеа на должината на притворот, на необразложените решенија и на нарушената пресумпција на невисност, e прифатена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пишува агенцијата Мета.

Адвокат овластен од Рамковски и од неговата ќерка Емел, поднел апликација во судот во Стразбур, заведена под број 33566/11. Во неа се бара судот да констатира дека им се повредени правата на таткото и на ќерката Рамковски, уапсени и притворени во акцијата „Пајажина“.

Аргументите на Рамковски се дека биле држени во притвор без образложени причини во решенијата, а Кривичниот совет на скопскиот суд, продолжувајќи го притворот, сугерирал и вина, со што ја прекршил пресумпцијата на невиност.

Затоа, тие бараат Европскиот суд да констатира повреди според два члена од Конвенцијата: член 5, право на слобода, непостоење на причините за притвор, и член 6, право на фер судење, судот, разгледувајќи ја апликацијата, ја дозволил нејзината допуштеност и побарал Владата да се изјасни за случајот.

Како што дознава БИРН, Судот во Стразбур, на 3 јули 2014 испратил писмо до македонската влада, во кое бара одговори на властите за (не)законското постапување на судовите во случаите на: Бајруш Сејдију, Велија и Емел Рамковски и за уште неколку лица од случајот „Фаланга“.

– Јас бев во затвор, се видов со Велија Рамковски, му ја пренесов пораката од државата за спогодба, но тој ја одби. Решен е да чека повредите во неговиот случај да ги констатира судот во Стразбур со пресуда – потврди за БИРН, член на адвокатскиот тим на Рамковски, ангажиран да го застапува пред домашните судови.

Државата, исто така, потврди дека била контактирана од судот во Стразбур, потврдувајќи ја веродостојноста на документите со кои располага БИРН. /Meta

Би можело да ве интересира

Писмо на Велија Рамковски: Креираа копии како доказ за криминал за да ја затворат А1 телевизија

Ана Ололовска

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска

Бродот на Рамковски продаден на скопски бизнисмен

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Апелација ја одложи „Пајажина“ за 17-ти јануари

Ана Ололовска

Рамковски и обвинетите во „Пајажина“ пред Апелација

Ана Ололовска

Се сретнаа Љубе и Велија пред основниот суд

А1он