Ципрас ќе прифати средба со Самарас, Венизелос непотребен

Од:

Коалицијата на радикалната левица Сириза денеска соопшти дека нејзиниот лидер Алексис Ципрас ќе прифати покана да се сретне со конзервативниот премиер Антонис Ципрас, но отфрли секаков консензус за прашања поврзани со грчкиот долг.

– Ако премиерот чувствува потреба да го покани Ципрас, тоа е нешто што ќе исполниме. Сепак, ние јасно ставивме до знаење уште од самиот почеток дека не постои простор за консензус за прашања поврзани со долгот, изјави портпаролот на Сириза Панос Скурлетис.

– Работите се јасни. Ако средбата е обид да се најдат соучесници, тогаш нема потреба од неа. Ако на неа се гледа како на преоден чекор напред кон средба меѓу лидерите на политичките партии, тогаш од неа би можело да произлезат некои позитивни резултати, рече тој.

Портпаролот на Сириза истакна дека на состанокот не би присуствувал коалицискиот партнер на Самарас, Евангелос Венизелос.

– Ние сметаме дека присуството на Венизелос би било непотребно … Ако Владата не може да комуницира или да се изрази со еден глас, тоа е нејзин проблем, заклучи Скурлетис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит