(ВИДЕО) СДСМ: Власта да не полни буџетски дупки преку хонорарците

Од:

„СДСМ најостро се спротивставува на донесениот закон со којшто фирмите и граѓаните од 2015-та година се изложени на нови трошоци!

Станува збор за новите издатоци при договорите за дело и авторските договори.

Тоа се дополнителни плаќања за придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување при примања хонорари, чијашто сума е поголема од проектираната минимална плата, т.е. 9.500,00 денари, без разлика дали граѓаните веќе еднаш ја исполниле оваа своја обврска“, изјави на денешната прес-конференција Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

„Значи, од Нова Година повеќе нема да биде важно дали сте привремено вработени или сте вработени на неопределено работно време. За вашите  договори на дело и авторските договори, компаниите ќе мора да издвојуваат давачки во висина од 35 проценти од договорениот надоместок, во коишто покрај персоналниот данок, предвидени се и давачки за здравствено и пензиско осигурување.

Ова е двојно оданочување.

Оправдани се стравувањата дека тоа најверојатно ќе резултира со индиректно намалување на хонорарите.

Еве зошто:

Ако некој примал 12.000 денари нето приход, сега во договорот повторно ќе стои 12.000 денари, но тоа ќе биде бруто износ, што ќе биде намален за 3.000 денари издаток за социјалните придонеси.

Граѓаните кои се принудени да работат на две три места за да си обезбедат егзистенција, без разлика што примаат хонорари помали од минималната плата – сега се принудени самите да си ги платат овие придонеси, доколку збирот на средствата што ги одработиле е макар за денар поголем од законски утврдената минимална плата.

Кога ќе се одземат парите што ќе треба да ги платат за данок од примениот хонорар, ќе им останат средства под минимално загарантирата плата во државата.

Стравуваме дека сето ова ќе резултира со отпуштања од страна на работодавците кои ова не ќе можат да го издржат.

Ваквите политики на власта за жал резултираат со вакви дела врз грбот на граѓаните.

Затоа, СДСМ бара:

1. Oвој закон да не важи за хонорарците кои имаат приходи од повеќе договори кои поединечно се под минималната плата, а нивниот збир не е над 12.700 денари. На тој начин граѓаните во никој случај нема да бидат доведени во ситуација да добијат приход помал од минималната плата,

2. Вработените на кои веќе им се плаќаат социјални придонеси, да не бидат изложени одново на вакви издатоци,

3. Висината на придонесите да биде регулирана по принципот: граѓаните со помали хонорарни приходи, односно најголемиот дел од хонорарците, процентуално да плаќаат помалку, додека граѓаните со повисоки, да плаќаат повеќе.

Власта нема право да полни финансиски дупки доведувајки ја во прашање егзистенцијата на граѓаните на Република Македонија“, рече Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски