Хуманитарни концерти за Тамара Димовска во Велес

Од:

Под мотото „Фондот за Тамара“, група граѓани на 27 ноември во Велес организира хуманитарен концерт за помош на малата Тамара Димовска, на која и е потребна итна операција.

Концертот ќе се одржи во спорската сала “Гемиџии”  20 часот, а ќе учествуваат голем број естрадни уметници.

Претходно, на 22 ноември,  во велешкиот клуб „Авангард” концерт ќе одржи групата ДНК со кој ќе се вклучи во хуманитарната акција за малата Тамара. Концертниот настап на ДНК ќе започне на полноќ.

humanitarenKoncertTamara

Тамара Димовска има девет годинки и вродена маана на рбетниот столб. Првата операција и беше извршена во Македонија пред две години. Родителите тогаш по првпат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција во Хрватска, која чини 30.000 евра.

Средства за малата Тамара можат да се донираат и на телефонските броеви:

T-Mobile- 070143115

Вип : 077143123

Трансакциска сметка за донации: 380477149401140 Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска

Девизна сметка: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија IBAN CODE MK 07210501622216118SWIFT TUTNMK 22.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска