Светската банка предвидува дека епидемијата од ебола земјите јужно од Сахара ќe ги чини од три до четри милијарди долари. Тоа е многу помалку од претходните предвидувања односно од најлошото сценатио од 32 милијарди долари, изјави денеска главниот економист за Африка на СБ, Франсиско Ферејра.
Тој посочи дека е намалена опасноста од најлошото сценарио за влијанието на еболата врз економијата, поради успешното справување со епидемијата во некои земји.
– Опасноста не е сведена на нула, се уште е потребен висок степен на подготвеност и фокусираност, наведе Ферејра.
СБ во октомврискиот извештај истакна дека ако вирусот се прошири надвор од границите на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, Африка би претрпела штети од десетици милијарди долари поради нарушување на трансграничната трговија, рутите на достава и туризмот.
Поради тоа СБ побара меѓународни напори за спречување на најлошите сценарија. Обединетите нации испратија медицински персона во најпогодените земји, а се зголеми и финансирањето на борбата против еболата.
Според Светската здравствена организација, до 14 ноември во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале 5.177 луѓе, а 14.133 се инфицирани.