Сириската војска напредува во Алепо: Се чистат градските населби на истокот од градот

Од:

Сириската војска напредува во борбата со бунтовниците во најголемиот град во Сирија и економски центар на земјата, Алепо. Рускиот медиум Гласот на Русија пренесува дека армијата ги чисти населбите од бунтовниците во источниот дел на градот за потоа да го отвори патот кој води до меѓународниот аеродром.

Во следната фаза, Армијата планира да тргне кон југоисточните предградија кои се уште се под контрола на вооружените бунтовници. Информациите велат дека веќе се водат жестоки борби во истата област.

Во извештајот, исто така, се наведува дека сириските специјални сили успешно ги одбиваат обидите за доаѓање на нови засилувања на бунтовниците од правец на Турција.

Низ градот се уништени 80 бунтовнички возила со вградени митралези. Убиени се десетици бунтовници и платеници, пренесува Гласот на Русија.

Во исто време, информациите говорат за нов терористички напад во главниот град. Автомобил-бомба експлодираше во центарот на Дамаск, во близина на хотелот “Four Season”. Едно лице загина, а неколку беа повредени.

Новинарот на британскиот весник Гардијан, Ghaith Abdul-Ahad, кој се наоѓа во Алепо, известува за се поголем број на странски борци на теренот кои доаѓаат од Ирак, Јемен, Авганистан и од други места.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение