Ахтисари го отфрлил предлогот за посредување во преговорите за курдскиот конфликт

Од:

Финскиот мировен посредник Марти Ахтисари изјави дека Курдите оствариле контакт со него пред повеќе години со предлог да се вклучи во решавањето на курдскиот конфликт, но тој тогаш не одговорил на барањето поради колебањето на турската влада, односно странското учество во процесот, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

– Честопати владите не сакаат мешање на било какви надворешни лица или не сакаат да го интернационализираат прашањето, истакна Ахтисари.

Поранешниот фински претседател и меѓународен посредник ја освои Нобеловата награда за мир во 2008 година за посредување при решавање на конфликти во различни делови од светот.

Ахтисари, кој пристигна во Анкара за учество на симпозиум, нагласи дека лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор, му предложил да стане член на т.н. „совет на мудреците“ во 2010 година. Групата има за цел да помогне во решавање на курдскиот проблем.

Тој додаде дека не се сеќава кога точно го добил предлогот за посредништво од Курдите и дали тоа било пред или по почетокот на мировниот процес.

На прашањето дали разговарал со турската влада за курдскиот предлог, Ахтисари одговорил дека „знаел оти тие не сакале надворешно мешање во тоа време“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски