Утре ќе врне дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен, особено во западните делови. Во источните делови локално ќе има услови за интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Во доцните пладневни часови ќе има извесно намалување на облачноста и постепено врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој во попладневните часови ќе го промени правецот во северен и ќе донесе заладување и постепено стабилизирање на времето.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје претпладне и во утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд и претежно ќе биде облачно, а веќе во попладневните часови постепено врнежите ќе се намалуваат, односно ќе престануваат. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво. Дневната температура ќе опадне за пет до шест степени.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места