Компанијата „Форд“ објави фотографии и спецификации за моделот „Мустанг Шелби ГТ350“ за 2015 година, пред официјалната премиера на овој автомобил што ќе се одржи на автосалонот во Лос Анџелес.
Американскиот производител го проектираше „Шелби ГТ350“ како тркачки автомобил што може да се користи и за секојдневно возење.
Надворешноста на возилото е украсена со карактеристичните ленти што се протегаат по средината низ целата должина на возилото, а „Шелби ГТ350“ е опремен до 19 инчни алуминиумски алу фелни, гуми „Мишелин Пилот Супер Спорт“ и специјални „Брембо“ сопирачки.
Возачот е сместен во спортско опкружување во кое доминираат материјалите од кожа, а поткрепа на телото при поостро возење му даваат спортските седишта „Рекаро“.
Возилото на располагање има систем од пет модови возења, а со изборот на секој од нив се менуваат подесувањата на погонското и другите системи во автомобилот.
Освен спортските карактеристики, „Форд“ сакаше на возачот и на патниците да им овозможи максимално уживање за време на нивиот престој во возилото, па затоа „Шелби ГТ350“ е опремен со двозонски клима уред и „MyTouch“ мултимедијален систем со осуминчен екран.
Под хаубата се наоѓа атмосферски 5.2-литарски V8 мотор, кој, според Форд, ќе испорачува над 500 кс и повеќе од 40 Нм максимален вртежен момент.
Силата се пренесува на задните тркала со помош на стандардниот шестбрзински мануелен менувач.
„Форд Мустанг Шелби ГТ 350“ на пазарот ќе пристигне во текот на 2015 година, кога ќе биде позната и неговата цена.