Се разгоруваат тензиите меѓу грчките коалициски партнери во Владата

Од:

Тензиите во грчката коалициска Влада се разгоруваат, а последен доказ за тоа е изјавата на портпаролот на ПАСОК Димитрис Каридис кој го обвини портпаролот на Нова демократија Адонис Георгијадис дека ја повикал Владата „да ги спушти пантолоните“ на меѓународните кредитори на земјата и го нарече „портпарол на тројката“.

Изјавата на Каридис е одговор на коментарите на Георгијадис кој претходно на телевизијата Мега го обвини ПАСОК дека блокира клучни реформи кои ги бараат Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, јави дописникот на МИА од Атина.

– Веќе шест месеци не сме гласале за ниту еден услов истакнат во меморандумот. Тројката ја користи оваа политичка криза за да врши притисок врз Владата, рече Георгијадис.

– Портпаролот на Нова демократија, Георгијадис, се појавува на телевизија како самоназначен бранител на тројката, обвинувајќи го ПАСОК затоа што реагира на намалување на пензиите, дерегулацијата на масовните отпуштања и зголемувањето на данокот на додадена вредност на прехранбени производи, рече Каридис.

– Георгијадис бара од нас да ги симнеме пантолоните на ирационалните барања. Некој во неговата партија треба да го стави под контрола, бидејќи тој директно ги поткопува преговорите со кредиторите. Тој зборува во името на Нова демократија или на тројката ?, заклучи портпаролот на ПАСОК.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит